На Македонија и треба сериозен партнер во Атина за решавање на спорот со името

Николај Крстев: Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Поповски, изјави пред бугарското национално радио дека Скопје сака да има сериозен партнер во Атина за да се се реализираат односите меѓу Македонија и Грција и да се најде решение на спорот за името на поранешната југословенска република.

МНР Попоски: Која и да биде идната влада од страна на Република Македонија ќе има исклучително посветен и одговорен однос да одиме кон остварување на заедничките цели – надминување и оставање во историјата на споровите и поделбите и градење на иднина во која ќе имаме посветли и заеднички нешта кои ќе не спојуваат.

Николај Крстев: Сигуро со постабилна Грција ќе има и посериозно место за решавање на проблемите во односите со Македонија

МНР Попоски: Една посигурна, постабилна, побезбедна, економски попросеперитетна средина во нашиот регион не може да се изгради без постабилна и просперитетена Грција.

Николај Крстев: Како ги гледате денес бугарско-македонските односи? После 20 години тие изгледа како да стануваат ислкучително сложени, г-дине министре!

МНР Попоски: Мислам дека има многу елементи кои би требало односите меѓу Бугарија и Македонија да ги направат да бидат исклучително позитивни. Сметам дека фактот што Бугарија веќе успеа да ги затвори поглавијата со влегување во НАТО и ЕУ треба да и’ овозможи една етапа во која ќе биде еден силен подржувач за влегување на сите останати земји од регионот. Тука е вклучително  и Македонија. Би сакал да видам повеќе пораки кои ќе се фокусираат на оваа поддрша и сметам дека тоа би било најсилен знак за тоа дека можеме да градиме заедничка иднина. Во минатото сме виделе многу поделби и конфлики и многу опонирања и спречувања. Сега мислам дека можеме навистина да покажеме дека сакаме поддршката и релациите да се развиваат  во европски дух. Тоа би сакале да го видиме,  20 години се сериозен временски период и после 20 години мислам дека би било многу логично да видиме дека европската димиензија е таа која ќе доминира во бугарско-македонските односи и секако во односите на билатерално ниво меѓу сите земји во регионот.

Николај Крстев: Донекаде Софија и Скопје заостануваа во своите односи. Иако се блиски држави една до друга тие заостануваат и некако како да гледаме некакво тонење на нашите односи!

МНР Попоски: Мислам дека премногу внимание се посветува на можноста за поделба и за градење на некави перцепирани позиции а не доволно се инвестира во конкретна соработака. Кога зборувам за конкретна соработка - зборувам за соработка на ниво на граѓаните, на ниво на бизнисите, на ниво на општините. Тоа поле ни отвара многу големи можности. За жал не секогаш е така во рефлексиите кои излегуваат во јавноста, и некогаш некои сосема спорадични димензии се презентиураат како главни. Јас мислам дека ние имаме многу добра база  - односите кои ги градиме меѓу нас да бидат односи помеѓу едни две европски држави кои меѓусебно се почитуваат и подржуваат и кои сакаат да градат иднина во рамките на едно европско семејство.

Николај Крстев:  Меѓутоа, пред неколку седмици вербално беше нападнат дури и бугарскиот амбасадор во Скопје. Како Вие како министер го примивте тоа што се случи?

МНР Попоски: Сметам дека беше дадена една конотација која не соодветствува со реалноста. Веројатно некој има потреба да ги акцентира како конфликтни било кои полиња на соработка. Мислам дека тоа што е клучно е дека можеме да се однесуваме во еден конструктивен однос. Не сметам дека било какви инциденти се добредојдени во нашите релации. Тоа што е клучно е дека и во Македонија и во Бугарија треба да обезбедиме можност за да се акцентираат полињата за соработка. Тука секако дека нашите амбасади имаат можност да ги градат тие реалции и доколку тоа биде во фокусот на она што е од јавен интерес секако дека нема да се остави простор за креирање на таква клима.

Доколку некој сака да креира клима која е негатвивна, секако дека би имал интерес да нагласува инциденти, постоечки-непостоечки, потребни-непотребни и така натаму.

Николај Крстев:  После тој инцидент Вие се слушнавте ли со буарскиот министер за надворешни работи, г-дин Младенов?

МНР Попоски: Ние имавме можности да се гледаме често и на мултилатералните форуми. Во секој случај тоа што беше клучна наша порака, и јас ја повторив и на Самитот во Чикаго – е дека би сакале да ја видиме Бугарија - да посвети поголемо внимание на поддршката на интеграциите – европските и евроатланските -  на Република Македонија,  и дека на тој начин би се пратил еден многу силен сигнал дека таа подршка е видлива и е константна.

Николај Крстев: Г-дине министре, вие знете дека меѓу Бугарија и Македонија секогаш, да кажеме - постоеле добри односи. Софија секогаш го подржуваше Скопје на сите меѓународни инцијатаиви, и меѓународни оганизации како што се  НАТО, ЕУ, но некако се чини како нашите одоси да не можат да напреднат толку многу?

МНР Попоски: Некогаш ни недостасува и едно пошироко видување, односно едно видување кое е повеќе европско. Мислам дека тоа е единствениот рецепт за успешни билатерални односи: доколку ги гледаме нашите релации низ призмата на успехот кој може да го имаме, доколку сме заедно во евроспкото смејество. Тука некогаш знае да ни се појави некој недостаток. И тука можеме да ја изградиме, да ја подобриме сликата за соседот и подбро да се запознаеме. И тоа да ни биде доминантната линија за соработака.

Николај Крстев: Ете тој последниот случај со филмот во кој Бугарија е претставена како фашистичка држава - тоа како да му пречи на европскиот дух во односите меѓу Софија и Скопје.

МНР Попоски: Не можам да Ви кажам  една констатација за филм кој не сум го видел.  Од она што го знам е дека се работи за една љубовна сторија која е снимена во еден исклучително трагичен период од историјата и кој се однесува „де факто“ на Втората светска војна и на Холокаустот. Не сметам дека во никој случај тоа треба да биде филмската уметност која да ги одразува односите во иднина. Во секој случај тие мрачни поглавија од историјата мислам дека тие не треба да бидат причина за избегнување на зближувањето помеѓу државите. Доколку тоа успеале да го надминат земји како Франција и Германија - тоа што треба да ни биде главна водилка – е политичките одлуки да ги носиме базирани на зедничкиот интерес - а не на креирана перцепција на пријателски или непријателски став кон некого.

Николај Крстев: Како одекна во Република Македонија искажувањето на бугарскиот премиер Бојко Борисов, од пред една седмица, кога тој изјави дека Бугарија ако биде прашана  за името Северена Македонија – дека таа не би се согласила - затоа што тоа би можело да носи територијални претензии кон Бугарија. Како Вие како министер го примате тоа искажување.

МНР Попоски: Мислам дека во актуелната ситуација во која  на Република Македонија и е наметнат еден целосно нелогичен спор, без било каква основа, и тој спор е злоупттребен за да се наметне едно продолжено блокирање и опструкција – нема никаква потреба да се додаде некој кој дополнително би го опструирал.

Ние сме во една ситуација во која Грција непринципелно и надвор од правните рамки ја блокира македонската перспекрива за интегрирање во НАТО и во ЕУ.  Тоа не само што не е базирано на зеднички интерес туку е и многу штетно и е надвор од правно преземените обврски. Тоа го констатираше и Меѓународниот суд на правдата. Сметам  дека секој добронамерен би можел да придонесе само ако промовира пристап на дополнителна интеграција  - а не на дополнителна опструкција. Во Република Бугарија – таа би требала да гради некоја си своја позиција врз основа на можноста за оспорување или блокирање на македонските интеграции. Јас би сакал да видам пораки кои ќе бидат базирани на конкрена поддршка на еден позитивен тон, на една зголемена комуникација помеѓу двете држави. Тоа се пораките кои ние би сакале да ги видиме. Мислам дека не смееме да дозолиме тоа да стане доминантна линија. Бугарија има многу добра позиција да биде еден промотор на една таква политика. Мислам дека РБ има можност сега по стапувањето во Европската Унија 2007 - да има една улога на врвен промотор на тие интеграција. Јас би сакал да видам во бугарската надворешна политика - таа можност да се биде исклучително значаен промотор на натамошни интеграции на Балканот во ЕУ - да добие поприоритетно место.

Николај Крстев: Еден македонски аналитичар изјави пред неколку дена дека нема да биде лошо Бугарија да се вклучи во спорот за името меѓу Грција и Македонија за да покаже колку е апсурдно грчкото инсистирање за името. Како се однесувате кон една слична можност?

МНР Попоски: Грција во многу долг временски период изгради имиџ на база на блокирање на својот сосед во интеграцијата.

Јас поскувам да можевме да го вратиме тоа и тој имиџ да не постоеше. За жал минатото не можете да го смените. Тоа што можеме да го смениме е иднината. За иднината мислам дека за Грција ќе биде најдобро, особено во услови на една сериозна економска криза со која се соочува Европа, да гради имиџ на конструктивен партнер и на партнер кој го подржува регионот во интеграциите а не кој го блокрира. Сметам дека додавање на елементи во еден таков крајно ирационален спор кој се користи како објаснување за блокадите е непродуктивен. Тоа што може да го направи Бугарија пак е - да донесе еден елемент на разум од аспект на земја члена  во НАТО и ЕУ на исто ниво како што е Грција, и може да изгради еден имиџ на промотор - на шампион во промовирањето на интеграциите на сите земји кои што денес сеуште не се чланки на НАТО и ЕУ во нашиот регион.

Тука ја гледам најголемата можност. Мислам дека никој разумен човек денес не може да ви каже  дека она на што се базира спорот е логична или оправдана причина.

Видете, беше изграден став пред 20 години дека политички РГ може да профитира од опструкциите врз РМ.  Врз основа на тој став се изгради еден мит дека независна Македонија претставува закана за безбедноста и за територијалниот интегритет на Република Грција.

Тоа не може да се дефинира поинаку – освен како глупост.

А особено не во денешниот контекс во кој ние делиме заеднички интерес и во кој ние дејствуваме фактички на безбедносен план заено. Немојте да заборавиме дека РМ е контрибутор да речеме во ИСАФ мисија во Авганистан, каде што заедно со војските од сите земји практично во регионот контриубуира во извршување на една заедничка мисија. Ние сме денес на едно ниво на кое и во рамките на заедничката европска безбедносна  политика постои бригада на ЈИЕ каде што македонски, бугарски, грчки и војници од другите земји од регионот заедно учествуваат во едена воена единица. Мислам дека тоа е врвен симболизам - дека доколку пре 100 години војските од овие држави меѓусебно војувале – и фактички сме пателе од тие војни и разрушуавања - ние денес можеме да бидеме заедно под иста капа и да браниме зеднички регионални интереси.

Значи видете ја оваа слика и споредете ја со оној мит и онаа глупост за блокирање на Република Македонија од страна на Република Грција. Каков контраст е тоа?

Николај Крстев: Многу Ви благодарам г-дине министре.

МНР Попоски: Јас сакам да Ви се заблагодарам за оваа можност. Јас мислам дека е  исклучително значајно да бидеме отворени едни кон други, да разговараме и за проблемите и за нештата кои не спојуваат и на тој начин да ги градиме мостовите меѓу нашите земји .

 

Категорија: