Груевски: Македонија регионален центар на „Лукоил“

Македонија ќе биде регионален центар на Лукоил, изјави денеска премиерот Никола Груевски во Санкт Петербург.

Според него,  од регионалниот центар на „Лукоил“ во државава нафтената компанија би ги покривала и Бугарија, Албанија, Косово, што, истакнува, е добра вест за Македонија.

- Тоа веројатно ќе го зголеми и бројот на вработени во седиштето на „Лукоил“ во Македонија, посочи Груевски по посетата на Русија на владината делегација.

Македонскиот премиер во Санкт Петербург имаше средба со Вагит Алекперов, директор на руската компанија „Лукоил“, при што руската  нафтена компанија  ги претставила  плановите да ја зголеми инвестицијата во Република Македонија.