Потпишан Колективниот договор на МВР за изменување и дополнување на КД заради усогласување со одредбите од Општиот Колективен договор за јавниот сектор

Денеска во Министерството за внатрешни работи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев потпишаа Колективен договор за изменување  и дополнување на Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи заради усогласување со одредбите од Општиот Колективен договор за јавниот сектор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.  154/23).

Со овие измени и дополнувања се уредуваат и доуредуваат правата на работниците во МВР, пред се: зголемувањето на максималниот број работни денови предвидени за платено отсуство, нови основи на работникот за право на отсуство од работа без надомест на плата, зголемување на бројот на јубилејни награди и слично.