МТСП: Mинистерот за труд, семејство, социјални прашања и еднакви можности во Република Словенија, Лука Месец во посета на Северна Македонија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска утринава ја пречека делегацијата на Словенија во состав на Лука Месец, министер за труд, семејство, социјални прашања и еднакви можности во Република Словенија, Тјаша Набергој, шеф на кабинетот на министерот, Мојца Пршина, генерален директор, генерален директор за пазар на труд и вработување, Грета Метка Барбо Шкербинц, в.д. генерален директор на Службата за вработување на Словенија, Шпела Штерн Јеленц, раководител на службата за европски прашања, Уршка Липовж, советник на министерот, Татјана Ковачич, ополномоштен министер, Амбасада на Република Словенија во Скопје. Тренчевска пречекот го приреди во Центарот за социјално претприемништво кој е под раководство на Министерството за труд и социјална политика.

За време на пречекот на министерот Мецес и делегацијата од Словенија беа објаснети придобивките и добрата пракса од социјалните претпријатија. Во центарот беше поставен и мини пред-Божиќен саем во склоп на социјалните претпријатија: „Амброзија“, „Билкилајф“, „SIEC Macedonia“, „Љубезност“, „Ековита“, „Лице в лице“, „Федерација на фармери“.

Посетите се поддржувани информативно од страна на вработени во Министерството за труд и социјална политика.

„Центарот за социјални претпријатија e во сопственост на нашето Министерство за труд и социјална политика, но опремувањето и самата намена е направена како дел од проект финансиран од Европската Унија, „Поддршка на социјалните претпријатија“. По завршување на проектот активностите во истиот продолжија со помош на средства од амбасадата на Република Полска во Скопје. Центарот за социјални претпријатија служи како еден вид на хаб за се сите оние и се она што се случува на темата на социјалното претприемништво, односно во поглед на солидарната економија. Тука им даваме поддршка на тие претпријатија преку насоки за развој на бизнисот, маркетинг од аспект на промоција, пристап на пазарот и слично“ објасни соработничката во Министерство за труд и социјална политика, Ратка Пемова.

По објаснувањето на работата на центарот и разгледување на работата на социјалните претприемништва беше емитуван и краткиот документарен филм „Барка“ кој дава 15 позитивни примери на социјални претпријатија во нашата земја. Документарниот филм е изработен во рамки на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ финансиран од Европската Унија.