Ново историско партнерство за одржлив развој во Северна Македонија: Француската агенција за развој (АФД) обезбеди 50 милиони евра за зелени и општествено одговорни инвестиции

Француската агенција за развој (Agence Française de Développement (AFD)) ќе соработува со Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ) во насока на зголемување на одржливото финансирање во земјата - Договор за заем во износ од 50 милиони евра потпишан на 21 декември во Скопје.   
Партнерството помеѓу АФД и РБСМ претставува значајна пресвртница во поддршката на зелената транзиција во Северна Македонија. Во Скопје, на 21 декември 2023 година, двете институции, заедно со Министерството за финансии на Северна Македонија, потпишаа значаен финансиски пакет во износ од 50 милиони евра, со кој се поддржуваат напорите на државата за зелени и општествено одговорни инвестиции.

Според условите во овој договор, прв од ваков вид со АФД, Агенцијата обезбедува значителна финансиска помош за РБСМ која ќе биде преточена во трансформативни проекти. Овие инвестиции ќе се фокусираат на намалување на емисиите на стакленички гасови, зголемување на енергетската ефикасност и поттикнување на дигиталната трансформација кај МСП, особено оние со кои раководат жени или кои се наменети за женската популација.

Препознавајќи ја неодложната потреба за насочување на учесниците во деловниот сектор кон декарбонизација на економијата, партнерството воспоставено помеѓу АФД и БРСМ е проактивен чекор за забрзување на преминот кон модел на отпорна економија со ниско ниво на емисии на јаглерод во Северна Македонија. Овој заем е надополнет со грант за техничка соработка во износ од 0,4 милиони евра, со кој ќе раководи АДФ, а е наменет за поддршка на процесот на зајакнување на капацитетот на РБСМ и нејзините партнери - финансиски институции за одржливо финансирање.

Потпишувањето на Договорот, на кое присуствуваа г. Фатмир Бесими, министер за финансии на Северна Македонија, г. Кире Наумов, главен извршен директор на РБСМ, амбасадорот на Франција во Северна Македонија, г. Сирил Бомгартнер, и г. Матје Васер, директор за Европа и Азија на Француската агенција за развој, е многу повеќе од финансиска трансакција. Со потпишувањето на Договорот се означува почетокот на долгоочекуваниот ангажман на Групацијата АФД во Северна Македонија. 

Министерот Бесими зборуваше за важноста на ова партнерство: „Оваа особено важна соработка со АФД претставува пресвртница на нашиот пат кон одржлив економски и социјален напредок. Договорот не е само финансиска инвестиција; туку и чекор напред кон одржување стабилно партнерство помеѓу нашите земји, како и кон интензивирање на растот, и воведување иновации, во клучните сектори. Овој пакет во износ од 50 милиони евра е стратешки наменет за зајакнување на управувањето со заштита на животната средина, поттикнување на женското претприемништво и унапредување на дигиталната трансформација. Сето ова е целосно во согласност со нашите европски амбиции, поттикнувајќи ја регионалната интеграција и придонесувајќи за остварувањето на нашите цели за еколошка транзиција, економски развој и социјална кохезија. Поддршката од АДФ е од клучно значење за диверзификација на нашата соработка во клучни сектори, како што е енергетскиот сектор, здравствениот, образованието, земјоделството и урбаниот развој,поддржувајќи ја нашата определба за членство во ЕУ.“

Кире Наумов, главен извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија, го истакна својот ентузијазам: „Оваа долгорочна соработка со Француската агенција за развој најавува нова ера за Развојната банка на Северна Македонија, на тој начин овозможувајќи ни да ја зајакнеме нашата улога во обезбедувањето финансиии наменети за климатските промени и поттикнувањето на иновативен и инклузивен раст во приватниот сектор. Ни претставува особено задоволство што ќе бидеме дел од овој процес, којшто е целосно усогласен со нашите стратешки цели за развој на македонската економија, во согласност со најдобрите практики“.

Неговата екселенција, Сирил Бомгартнер, амбасадорот на Франција во Северна Македонија, додаде, „Денешниот договор е сликовит приказ на зајакнување на соработката меѓу Франција и Северна Македонија, на тој начин одразувајќи ја нашата заедничка посветеност на одржлив и инклузивен раст. Оваа иницијатива не само што ги зајакнува нашите билатерални односи, туку ја потврдува и нашата заедничка посветеност на справувањето со глобалните еколошки предизвици и поттикнувањето на економската отпорност. Франција е горда што преку Француската агенција за развој, е дел од заложбата на Северна Македонија за позелена и подигитална иднина, со која се зајакнуваат вредностите и целите коишто се промовираат во рамките на Европската унија“.

Матjе Васер го сподели својот оптимизам за партнерството: „Иницирањето на оваа програмa со Развојната банка на Северна Македонија претставува доказ за заложбата на Француската агенција кон поддршка на целите за одржлив развој, како и Парискиот договор. Нашата соработка е конкретен чекор кон исполнување на овие глобални заложби и се радуваме што ќе имаме можност да одиграме клучна улога во еколошката и економска трансформација на Северна Македонија“. 

За Развојната банка на Северна Македонија: 

Развојната банка на Северна Македонија е развојна банка чиј 100% сопственик е Република Северна Македонија. Таа е основана со 1998 година, чија примарна цел e поддршка на микро, мали и средни и извозно ориентирани трговски друштва, како и подобрување на конкурентноста на македонската економија. Банката ги поддржува домашните компании преку директно кредитирање и кредитирање преку банки, краткорочно осигурување на извозот на македонски производи и услуги од деловни и политички ризици, домашен факторинг и извозен факторинг со право на регрес, како и издавање гаранции.

За Француската агенција за развој: 

Групацијата АФД придонесува за спроведување на француските политики за одржлив развој и меѓународна солидарност. Групацијата ја вклучува Француската агенција за развој, која го финансира јавниот сектор, невладините организации, истражувањето и обуките; нејзината подружница „Пропарко“, посветена на приватниот сектор; и Агенцијата за техничка соработка „Експертиз Франз“. 

Групацијата АФД за развој ги финасира, поддржува и забрзува неопходните транзиции кон поголема праведност и поголема отпорност во светски рамки. Активна на Западниот Балкан од 2019 година, Групацијата АФД е овластена да им помага на земјите од регионот во исполнување на стандардите на ЕУ и спроведување на Парискиот договор за климатски примени, со цел постигнување инклузивен раст и нискo ниво на емисии на јаглерод. Оттогаш, Групацијата АФД има наменето повеќе од 1 милијарда евра за Западен Балкан преку 17 тековни проекти.