Прв Регионален министерски состанок за Планот за раст на ЗБ – Појдовна точка за реализација на реформата за побрза евроинтеграција

Министрите од регионот на Западен Балкан денеска во Скопје на прв состанок на кој генералниот директор од Директоратот за проширување Јан Копман го претстави Планот за раст на ЗБ. Состанокот е почетната точка во конкретната реализација на реформските агенди кои земјите со забрзано темпо треба да ги подготват до крајот на годината и веќе во следната година да имаат и пристап до дел од средствата од фондот. Регионалниот министерски состанок го отворија официјално министерот за финансии Фатмир Бесими, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и генералниот директор на DG NEAR Јан Копман, а присуствуваат министри од Србија, Црна Гора, БиХ, Косово и Албанија.

„Повеќе од добредојдена е презентацијата на ЕК за Планот за раст и можностите што ги дава за земјите во регионот, како основа за нашата заедничка дискусија за идните предизвици и како најдобро да се искористи и да се претвори во можности за траен и одржлив раст. Дигиталната и зелената транзиција, зголемувањето на конкурентноста и зголемувањето на еднаквоста се области за кои се потребни силни институции и политики“, порача министерот Бесими, кој е домаќин на овој прв состанок.

Со Планот на раст на земјите од регионот им се дава силна алатка за спроведување на реформите на нивниот пат кон кој ќе обезбеди поврзување, поддршка за реформи и финансиска поддршка во форма на грантови и заеми.
„Како земји сме поканети да подготвиме реформски агенди изградени врз нашите програми за економски реформи, заедничките заклучоци од Економскиот и финансискиот дијалог и неодамнешниот извештај за напредокот на Европската комисија“, рече министерот Бесими.

Вицепремиерот Маричиќ посочи дека сo овој инструмент ќе покажеме волја и институционална и административна за да преземеме целосна одговорност за спроведување на Планот.

Копман истакна дека на овој состанок веќе се разговара за Планот кој е усвоен и дека следните чекори се негова имплементација.
„Тоа не е само економски план, туку е и забрзувач на процесот на проширување. Тоа се работи кои одат една со друга.Ова ќе донесе опипливи резултати и она што денес ќе го направиме е да ги разгледаме плановите и треба брзо да работиме зошто не чекаат важни одлуки до одржување н а Советот во декември“, порача Копман.