Премиерот Ковачевски ќе се обрати на Форумот ГлобСек 2022 во Братислава

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на Форумот за безбедност ГлобСек што се одржува во Братислава.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски на Форумот ГлобСек Братислава ќе учествува на панелот „Сега или никогаш: Откривање на европската иднина за Западен Балкан“.

Панелот може да го проследите на следниот линк

Во рамките на своето учество на ГлобСек, предвидени се и неколку билатерални средби на премиерот Ковачевски.