Шахпаска: Општина Брвеница ја доби првата детска градинка која ќе згрижи 65 деца, инвестиција на МТСП во вредност од 22 милиони денари

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворање на првата детска градинка „Сонце - Диели“ во населеното место Брвеница, Општина Брвеница.

„Градинката има капацитет за 65 деца, кои што ќе бидат организирани во 4 групи, изградена е со средства од  Министерството за труд и социјална политика во износ од 22 милиони денари и е првата детска градинка во Брвеница. Продолжуваме со политиките кои значат грижа за секое дете во државата,“ истакна министерката Шахпаска.

Таа ја потенцираше важноста на предучилишното воспитание и образование, како и важноста на  квалитетните и обучени кадри кои се грижат за најмладите, децата, како врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика.  

Министерката Шахпаска им посака успешна работа  на вработените во градинката и безбеден и убав престој на децата кои ќе ја посетуваат.

Градоначалникот на Општина Брвеница,Енвер Пајазити  изрази големо задоволство  што Брвеница ја добива својата прва градинка, и можноста на најмладите  жителите на оваа општина да добијат предучилишно воспитание и образование во местото  каде што живеат.