Министерот Попоски се сретна со членови на Европскиот парламент

Во рамките на престојот во Брисел, вчера и денеска Министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со европратениците: Ричард Хoвит (Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи), Известител за Македонија во Европскиот парламент, Елмар Брок (Европска народна партија), претседавач со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Надежда Неински (Европска народна партија), Јацек Сајрус Волски (Европска народна партија), Милан Мон (Европска народна партија), Ани Подимата (Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи), потпретседател на  Европскиот парламент и Хозе Игнацио Салафранка (Европска народна парија).

Во однос на вчера усвоената Нацрт-резолуција за напредокот на Република Македонија, од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Министерот Попоски ја реафирмира заложбата и подготвеноста на Република Македонија за што поскоро отпочнување на преговорите за членство во Европската унија.

Членовите на Европскиот парламент го поздравија напредокот на Република Македонија во исполнувањето на критериумите за членство во Европската унија и изразија поддршка за почетокот на пристапните преговори со Република Македонија, согласно препораката на Европската комисија.