Интерен оглас за унапредување на административни службеници

Врз основа на член 11,  член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2015 и 35/2018) Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија објавува

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС  БРОЈ 03/2018

ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК

 

Се распишува интерен оглас за унапредување на административен службеник  за следново работно место:

         01. Шифра: УПР 01 01 Б02 000

               Звање и назив на работното место: раководител на Сектор за информатичка технологија

               Назив на сектор: /

               Број на извршители: 1

 

Посебни услови за работното место:

  - степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Компјутерска техника и информатика, Информатика и Математиката.

  - работно искуство:

  - најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор;

 

Посебни работни компетенции:

 - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),

 - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

 - положен испит за административно управување.

 

Општи услови за работното место:

 - да е државјанин на Република Македонија,

 - активно да го користи македонскиот јазик,

 - да е полнолетен,

 - да има општа здравствена способност за работното место

 - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:

 - да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,

 - да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

 - да поминал најмалку две години на тековното работно место и

 - да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

Распоред на работно време:

 - неделно работно време: од понеделник до петок;

 - работни часови неделно: 40

 - работно време: со почеток на работно време помеѓу 7.30 и 8.30 часот и завршеток на истото помеѓу 15.30 и 16.30 а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа

 

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 35.872,00

 

Потребно е кандидатот да поднесе пријава на службената електронска адреса на Секторот за човечки ресурси SCR@gs.gov.mk.

Пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, да ги достави до Секторот за човечки ресурси.

Кон пријавата кандидатот може да приложи:

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.

 

Пријави се на интерниот оглас >