Свечено доделување на договори за финансирање на иновативни проекти на 20 домашни компании

Ве известуваме дека денеска во 13:00 часот во Прес корнерот на Владата на Република Македонија, во организација на Фондот за иновации и технолошки развој ќе се одржи свечено доделување на договори за финансирање на иновативни проекти од двата јавни повици спроведени од Фондот за иновации и технолошки развој. 

 

Во рамки на овој настан свое обраќање ќе има Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, а пред присутните ќе се обратат и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски и директорот на Светска банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели.

 

По обраќањата, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски ќе биде на располагање да даде одговори на новинарски прашања во врска со тематскиот настан.

Календар Влада: 
Четврток, Февруари 8, 2018 - 13:00 to 14:00