Канческа Милевска во посета на Завод и Музеј Битола

Канческа Милевска во посета на Завод и Музеј Битола

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска за време на денешната посета на Националната установа Завод и Музеј-Битола соопшти дека е задоволна од динамиката на реализација на активностите и проектите предвидени со Националната програма на Министерството за култура и Владата на Република Македонија.

Според Канческа Милевска, НУ Завод и Музеј-Битола се што било ветено од стручните лица и водството на таа национала установа е реализирано во рок и со соодветна динамика.

- Во моментов во Битола се реконструираат три фасади и тоа фасадата на државното Музичко училиште, Гимназијата и Безистенот, и со потпишаните договори се очекува до крајот на оваа година трите фасади да бидат завршени. Обнова на фасадите, но и уредување на музејските поставки ќе се врши на меморијалните музеи на Стив Наумов и Гоце Делчев, со што музеите ќе го добијат својот автентичен лик екстериерно и ентерирено, посочи министерката за култура.

На средбата со новинарите во Битола, министерката Канческа Милевска информираше и за целосната обнова на Јени Џамија во галериски простор во кој ќе бидат изложени вредни дела што ги поседува НУ Завод и Музеј-Битола.

- Во програмата на НУ Завод и Музеј-Битола е и проектот во преспанско Курбиново каде се завршени сите истражувања и наскоро се планира завршување на конзервација на црквата во Курбиново. Сакам да истакнам дека сум задоволна од ангажманот и реализираното на НУ Центар за култура-Битола како и од НУ Музеј на албанската азбука рече Канческа Милевска.