Груевски: Од идната година поголема помош за заштита од енергетска сиромаштија

Примателите на помош за заштита од енергетска сиромаштија во 2016 година, наместо 800 денари субвенција како досега, ќе земаат 900, а во 2017-та 1000 денари, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Проектот што почна во 2010 година продолжува, нагласи Груевски, како што беше ветено во владината програма. За оваа цел во државниот буџет се предвидени околу 1,5 милиони евра.

- Во нашата програма ветивме дека во 2016 година помошта од 800 ќе се зголеми на 900 денари, а во 2017-та на 1.000 денари. Тоа и ќе биде реализирано, истакна премиерот, одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на нова катна гаража и плоштад во центарот на Скопје.