Груевски: Ние правиме проекти, а СДСМ фалсификува и прави местенки

Ние не се бориме со некој друг кој се бори со политички средства, ние се соочуваме со некој што се бори со крајно криминални средства и на кои навистина не е лесно да одговориме, истакна премиерот Никола Груевски, во интервју за ТВ Сител,  коментирајќи ги последините политички случувања.

Груевски вели дека е шокиран од она што излегло на виделина и го открило Обвинителството. - Излегува дека ние работиме на носење  фабрики, на отворање нови работни места, на изнаоѓање начин младите луѓе да дојдат до сопствена куќа, на помош за земјоделците или еве на зголемување на платите на лекарите, фармацевтите, клиничките фармацевти специјалисти, а од друга страна некој друг работи на друг начин, на фалсификување пасоши со коишто треба да се компромитираат политички личности од ВМРО-ДПМНЕ, фалсификување лични карти со коишто исто така треба да се компромитира водството на ВМРО-ДПМНЕ, фалсификувани документи за банкарски трансакции на видни луѓе од партијата и луѓе што се на различни позиции со цел да се наруши нивниот кредибилитет и на тој начин некој да ги добие изборите, наведе Груевски.

Додека ние тераме по еден пат што мислиме дека е нормален, а тоа е да се натпреваруваме со идеи, со дела, со проекти, со кративност што да им се понуди на граѓаните како да имат поквалитетен живот, подобар живот, повеќе пензии, плати, субвенции  итн. екој друг својата енергија, своето време не го троши на ова што е една нормална политичка битка, ова е нормална политичка битка.  Во секоја земја партиите се натрпеваруваат по  вакви работи какви што зборувам сега. Не се натпреваруваат по тоа да купат опрема за фалсификување на пасоши,опрема за фалсификување на документ, додаде Груевски. 

Обвинителството, потенцира, откри опрема купена и ставена во погон за фалсификување пасоши на лични карти, документи, банкарски трансакции итн. репроматеријал за производството на истите, откри во нивните компјутери веќе направени голем број такви исправи или други документи со цел компромитација на видни државни функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

- Навистина мене ми е многу жал што некои политички партии спаднаа на тоа дереџе да се надеваат дека на ваков начин ќе дојдат на власт, ќе ја освојат власта или ќе ја добијат довербата на граѓаните. Ова не е политика, ова е како да кажам дрзок крминал. Ние немаме работа со, ние не се бориме со некој друг кој се бори со политички средства. Ние  се соочуваме со некој што се бори со крајно криминални средства, крајно  криминални сресдтва и на кои навистина не е лесно да одговориме. Мислам дека ова го нема никаде. Јас не сум сретнал нормална држава во која што некој се обидува да дојде на власт со фалсификати за политичките личности и тоа да е правено од криминалци директно поврзани во комуникација со средби итн.  на најголемата опозициона партија, наведува Груевски.