Груевски: 11.200.000 евра за 40 видови стипендии во 2016 година

За наредната 2016 година се обезбедени 11.200.000 евра за 40 видови стипендии, соопшти денеска премиерот Никола Груевски по посетата на локацијата каде ќе се гради нов објект за студенсткиот дом „Невена Георгиева-Дуња“ (Медицинар). 

- До 2005 година ние имавме, се на се од пет до седум видови стипендии. Сега има 40 видови стипендии за високо образование и за средно училиште. До 2005 година имаше одредена сума на пари којашто се даваше за стипендии. Сега таа е триплирана, 11.200.000 евра се предвидени за следната 2016 година од буџетот за стипендии, и за средношколци, и за студенти. Тоа е три пати повеќе од 2005 година, и веројатно, се шест-седум пати повеќе видови на стипендии отколку што имаше во 2005 година, рече Груевски. 

Меѓу стипендиите кои во изминатите гидини ги обезбедува Владата преку Министерството за образование и наука, се за талентирани студенти и ученици, за спортски таленти, за студенти од социјално ранливи категории, за студии на техничките и на информатичките факултети, за студии на првите 100 универзитети во светот според рангирањето на Шангајската листа, за филмската академија во Охрид...