Премиерот Никола Груевски оствари средба со претставници на дипломатскиот кор

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, вечерва, оствари средба со претставници на дипломатскиот кор во земјата.

На средбата се разговараше за политичката состојбаво земјата а во насока на имплементација на Договорот од јуни/јули.

Беше истакната заложба кон изнаоѓање на решенија за надминување на предизвиците во врска со имплементација на договорот.

Премиерот Груевски ја истакна посветеноста кон договорот и реализирање на обврските суштински и принципиелно и неопходноста од еднаква посветеност на сите инволвирани страни.

Претставниците на дипломатскиот кор, како што информираа на средбата, имаат разговори со претставнците на сите политички партии а во насока на поттикнување на финализирање на договорот.