Промовирана лабораторија за ин витро и замрзнување на полови клетки на Клиниката за гинекологија

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски заедно со министерот за здравство Никола Тодоров и заменик-министерот за образование Спиро Ристовски денеска присуствуваа на промоцијата на лабораторија за ин витро фертилизација и замрзнување на полови клетки и ембриони при Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје. 

Инвестицијата за лабораторијата, како владин проект преку Министерството за образование, изнесува околу 15 милиони денари.

- Лабораторијата веќе се користи и дава добри резултати. Лекарите  ни појаснија кои се начините, како ја користат и сите бенефити од неа. Се радувам што она што го ветувавме претходно на изборите и во нашата програма сега веќе се користи, ставено е во употреба. Стотици граѓани го користат, некои со успех, а некои и понатаму очекувааат успех, изјави по посетата на лабораторијата премиерот Груевски.