Премиерот Груевски посети шест населени места во општина Студеничани

Премиерот Никола Груевски денеска заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директори на повеќе јавни градски претпријатија ги посети населените места Моране, Студеничани, Долно Количани, Љубош, Батници и Цветово во општина Студеничани каде имаше средби со жителите.

- Тоа се населени рурални места надвор од градот Скопје, но релативно блиску до Скопје кои си имаат свои проблеми како и секое друго населено место. Денес се фокусиравме на овие четири-пет населени места кои си имаат свои проблеми и гледаме колку што можеме најгорливите проблеми да ги решиме.  Еден дел сме ги решиле и тоа е добро. Луѓето се задоволни и го памтат тоа,изјави премиерот Груевски по посетата на Цветово.  

Како пример го посочи патот до населеното место Цветово и водоводот што беше направен во 2002 година,што како што рече, го паметат сите луѓе.  

- Добро е да се решаваат проблемите и да им се помага на луѓето без оглед и независно која партија е на власт во општината. Задача ни е да ги решаваме проблемите на граѓаните, а дали тие ќе гласаат за едни или за други е нивна работа. Правиме се што е во наша моќ да ги ангажираме сите наши капацитети и можности да ги решаваме најгорливите прашања на луѓето. Тоа го правевме, го правиме и ќе го правиме, рече премиерот Груевски.

Тој нагласи дека денеска се дадени повеќе ветувања, а за некои работи биле воздржани.

- Не значи ако сме воздржани дека ги одбиваме. Напротив остануваме фокусирани и на тие прашања и откако ќе се проанализираат ќе се направи се што е можно за и тие да бидат решени, потенцира Груевски.

На барање на граѓаните премиерот Груевски го задолжи градоначалникот Трајановски да ја продолжи линијата на Јавното сообраќајно претријатие до центарот на Моране, а Трајaновски се заложи во најкус можен рок тоа да се реши.

Граѓаните се интересираа и за водоводната мрежа за која Градот Скопје и помага на општината за проектната документација, а преку Министерството за транспорт и врски обезбедија и изградија околу 1,2 километри од водоводната мрежа. Приклучоците се изведени надвор од асфалт, улицата е санирана, а општината треба да реализира дел од градежните работи по што ќе профункционира новата мрежа.

Се договори, исто така на барање на граѓаните, преку Министерството за транспорт и врски да се разгледа можноста да и се помогне на општина Студеничани да се изгради пречистителна станица, како и да се разговара со ЕВН Македонија да се надминат проблемите со снабдување со електрична енергија.

Премиерот Груевски го посети и населеното место Студеничани при што освен средбите со граѓани, ја посети и општината и оствари средба со претседателот на Советот Кенан Имери кој го информираше за општинските проекти и средствата кои преку Владата и ИПА програмата  се ставени на располагање и се користат во делот на патната инфрструктура и изградба на комунална мрежа.

Претседателот на Советот се заблагодари за средствата обезбедени од Програмата на Владата за поддршка на руралниот развој што ги доби општина Студеничани, а со кои, како што рече, ќе се финасира изградбата на три важни патни правци за Моране и Студеничани и две стратешки значајни улици со кои значително ќе се подобри поврзувањето на општината. Нагласи дека градежните работи почнуваат во октомври годинава.

Премиерот го посети и населеното место Долно Количани каде му беше посочено дека од голема важност за граѓаните е патното поврзување на општината. Градоначалникот Трајановски објасни дека најакасно до октомври ќе продолжи фазната изградба и проширување на булеварот „Борис Трајковски“ од Стаклара до Пинтија со четири коловозни ленти, како и градежните работи на булеварот „Србија“. Овие булевари, додаде, ги користат сите населени места во општина Студеничани.

Граѓаните побараа подобрување на водоводот и зголемент дотур на вода што, како што истакнаа, во повеќе наврати им било ветувано од општина Студеничани.

Премиерот Груевски истакна дека иако тоа е прашање во надлежност на локалната самоуправа градоначалникот Трајановски ќе оствари средба со градоначалникот на студеничани Азем Садики, кој во моментов е отсутен, за да ги разгледаат можните решенија на овој проблем. Тој посочи дека  ќе се завземе да се направи се што е можно да се надмине овој проблем иако, како што рече, во моментов не може ништо да вети додека не навлезе во проблематиката. Премиерот ја посети и џамијата во селото Долно Количани.

Пред месец дена во ова село со инвестицја на Град Скопје е направено и спортско игралиште за потребите на населението.

Граѓаните на Љубош и Батинци изразија  благодарност за ангажманот на институциите при неодамнешната изградба на патот Скопје - Козјак и за патот до Маркова Река што го реализира Агенцијата за државни патишта. Се заблагодарија и за инвестицијата на Град Скопје во вредност од 17 милиони денари за изградба на тротоари и улична мрежа во овие населени места, како и за изградбтаа на водовод во должина од 1,2 километри.

Жителите истакнаа дека би било добро да се изнајде решение и да се отвори подрачна единица, односно паралелки на училиштето во Љубош, а заменик министерот за образование Ристовски покани претставници од населеното место да дојдат во Министерството за образование и наука во вторник за да се скенира состојбата и да се изнајде решение.

На барање на граѓаните градоначалникот Коце Трајановски вети дека до 11 окотомври ќе биде асфалтиран локалниот пат во должина од 200 метри.

Граѓаните на Цветово, пак, побараа да се санира патот до селото, на што премиерот Груевски рече дека очекува овие проблеми да бидат надминати.

Нагласи дека од Владината програма за рурален развој ќе се инвестира, а општина Студеничани, користејќи ги овие средства треба до ноември гдинава или ако не дозволат временските прилики од напролет идната година да почне со санацијата на патот и на мостот.

Откао ќе заврши санацијата, додаде, Градот Скопје ќе организира јавен превоз до Цветово со поголеми возила и автобуси.