Средби на МНР Попоски на министерскиот состанок на НАТО во формат “Решителна Поддршка“

На маргините на состанокот, Министерот Попоски оствари средби со своите колеги.

 

3

11227212 764462113675304 917446877 o

Главните теми во дискусиите ги опфатија последиците од политичката криза врз европските и евро-атлантските интеграции на Република Македонија.

Беше изразено сочувство за загубените животи и повредените во нападите кај Куманово, како и загриженоста од присуство и активност на опасна терористичка група во Република Македонија.

11194654 764462007008648 1615551857 o

SAM 0275

11232342 764462003675315 1500058993 o

Со министерот за надворешни работи на Бугарија се разговараше за безбедносните закани и потребата од отворена соработка меѓу сите земји во регионот, како и за условувањата со меѓудржавен договор кој од бугарска страна е истакнат како предуслов за поддршка на патот кон НАТО и ЕУ.

SAM 0267

Со министерот за надворешни работи на Грција се разговараше за предложените мерки за градење доверба од една страна, како и за наметнатиот спор за именувањето на Република Македонија, кој опстојува како пречка за членство во НАТО и ЕУ.

Со министрите за надворешните работи на Грција и Бугарија посебно се разговараше за условувањата кои земјите ги имаат поставено кон Република Македонија и кои се предуслови за одблокирање на процесот на пристапување кон ЕУ и НАТО.

Со сите министри на земји членки на НАТО и ЕУ беа разменети ставови околу ефектите кои ги има долгогодишното одложување на членството во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ  врз Македонија и регионот.