Владо Мисајловски, нов министер за транспорт и врски

Новоизбраниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски (1985) досега ја вршеше функцијата директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи во Скопје на отсекот дипломатија и меѓународна политика каде завршил и магистерски студии. 

Работел како помлад соработник и  како советник за меѓународна политика во Кабинетот на Претседателот на Собранието на РМ, а советник бил и во Општина Ѓорче Петров, каде бил и претседател на општинската Комисија за прашања, избори и именувања.

Во Општина Центар работел како раководител на сектор за поддршка на активностите на градоначалникот по што ги врши функциите државен секретар во министерствата за надворешни работи и за транспорт и директор на Јавното претпријатие за државни патишта.