Финансиска едукација за учениците преку интерактивна детска игра

Преку интерактивна детска игра, учениците од ОУ „Александар Македонски“ денеска имаа можност да се запознаат со постоењето на финансиските ризиците, а индиректно со тоа да се запознаат дека осугурувањето претставива важен елемен како да се справат со тие ризици. Кампањата е дел од одбележувањето на „Глобалната неделата на парите“, во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување и Министерството за образование.

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски потенцира дека е неопходно учениците да се вклучат во процесот на едукација во делот на менаџирање на ризиците и средствата.

- Министерството за образование и наука во целост се вклучи во одбележувањето на глобалната неделата на парите, која на светско ниво и во рамки на Република Македонија се реализира од 9 до 16 март. Министерството, и органите во состав, констатираа дека е неопходно дека најмладите, односно учениците да се вклучат во целиот процес бидејќи голем број научни сознанија докажаа дека навременото информирање  и едукација кај учениците од најмлади години, во делот на менаџирањето на ризиците и средствата како и со нивното управувањето е многу значајно доколку со тоа се почне од најрани години, истакна Спировски.

Според Климе Попоски претседател на Агенцијата за супервизија на осигурување, иницијатива е во насока на рана финансиска едукација на децата со цел да бидат свесни и финансиски едуцирани.

- Анализите покажаа дека од неодамнешната финансиска светска криза кои последици сеуште ги чувствуваат, дека еден од повеќето фактори за причините за финансиската криза беше недоволната финансиска едуцираност на населението во управувањето со нивните заштити, односно  носењето на погрешни финансиски одлуки. Анализите укажуваат дека раната финансиска едукација на младите може да биде клучен фактор во целокупниот долгорочен процес на финансиска едукација на населението коешто на крај ќе донесе поголема финансиска стабилност, рече Попоски.

Тој информира дека Агенцијата во кампањата е вклучена со низа иницијативи преку изработка на информативни материјали, брошури како и со денешната интерактивна детска игра со која, како што рече, да се влијае на свеста кај мледите за постоењето на ризиците, а индиректно со тоа да се запознаат дека осугурувањето претставива важен елемен како да се справат со ризиците.