Груевски: Американска автомобилска компанија ќе гради фабрика и ќе вработи 2.500 лица

Компанија од автомобилската индустрија не извести дека донеле одлука за градба на нова фабрика која ќе биде лоцирана во поголем град во северозападна Македонија и во која ќе се вработат 2.000 до 2.500 лица, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Компанијата, според очекувањата на Владата, ќе ја објави и сама инвестицијата во наредните месец до два.

- Тоа ме радува затоа што во тој дел има потреба од доста вработувања. Ќе имаат квалитетна работна сила, а многу луѓе од тој регион ќе си најдат работа, ќе ги згрижат своите семејства со заработувачка која што ќе ја остваруваат во таа фабрика, рече Груевски по пуштањето во употреба на спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во село Љубанци, Општина Бутел.