Исплатени 94 милиони денари субвенции за поледелство

Државата денеска исплати 94.000.000 денари субвенции за поледелство. Финансиска поддршка за посеани површини со поледелски култури се исплатени на 7.181 земјоделец, соопшти Министерството за финансии. 

Владата на земјоделците им исплаќа по 9.000 денари по хектар посеана површина поледелски култури, а од 2014 година ја зголеми поддршката за пченицата за која субвенцијата ја зголеми на 12.000 денари по хектар.

Владата на Република Македонија, како што наведуваат во соопштението, ќе продолжи и во иднина да го поддржува поледелството со субвенции, како и останатите гранки во земјоделството.