Ставрески во Лондон: Финансиските зони интересни за Британците

Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески вчера и денеска одржа повеќе средби со претставници на бизнис заедницата во Лондон.

Како што соопшти Министерството за финансии, на одржаните средби вицепремиерот Ставрески ги запознал стопанствениците со условите за водење бизнис и поволноста на бизнис климата во Македонија.

- На досегашните состаноци најголем интерес е покажан за секторите прехранбена и автомобилска индустрија. Особен интерес лондонската бизнис заедница покажала за македонската финансиска зона, погодностите кои ќе ги нуди за меѓународните финансиски компании и за условите за инвестирање во зоната, информира Министерството.