Јанкулоска во посета на поплавените во Кумановско

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, заедно со пратеникот од Куманово, Зоран Ѓорѓиевски, денеска го посети наслението од Шупли Камен кое претрпе штета од поплавите од изминативе денови.

- Денеска ги посетивме граѓаните кои се загрозени од поплавите во Кумановскиот регион. Неколку села кои се по течението на Пчиња и Кумановка, практично најдиректно се погодени од поплавите. Дел од куќите се под вода и голема површина на земјоделско земјиште. Она од што луѓето од овој крај ја обезбедуваат својата егзистениција е поплавено и голем дел од овие површини и земјоделското производство веќе се уништени, рече Јанкулоска.

Таа додаде дека настојуваат да утврдат што како приоритет им е неопходно на жителите и најави дека ќе се направи анализа за санација на штетите, откако водата целосно ќе се повлече.

- И оваа година поплавите го погодија Кумановскиот регион. За жал вчера овде имавме и жртва, настрада дете што само по себе ја прави ситацијата уште потешка и покмплицирана, рече Јанкулоска.

Министерката денеска ќе ги посети и жителите од селата Јачинце и Довезенце кои во неколку наврати последниве денови имаат штети од надојдените води.

- Сакаме да поразговараме со граѓаните во смисла на тоа што може дополнително да се помогне на она што веќе е направено. Инаку, јас би потенцирала дека од почтокот на овие временски неприлики, сите институции максмално се мобилизирани, на располагање на загрозеното население ставени се припадниците на МВР, АРМ, а каде што е потребно ЦУК, ДЗС и сите другикои на кој било начин може да помогнат, потенцира  Јанкулоска.

Додаде дека и покрај големата мобилизација на институциите и на месното население, за кое потенцираше дека во голема мера направило напори да биде подготвено во пресрет на невремето што доаѓа, природата е немилосрдна и надојдената вода од реките не секогаш можеше да се спречи.

- Иако граѓаните поучени од некои негативни претходни искуства со надојдените води на Пчиња и Кумановка презедоа одредени активности да го заштитата својот живот и имот, сепак не успеаа докрај и покрај целокупната помош и поддршката која им беше пружена. Во овој момент е најважно оние луѓе чии домови се поплавени да бидат згрижени, да им бидат обезбедни основни намирници, продукти, вода за пиење и се што е потребно за да ги поминат овие денови додека водата се повелече, рече Јанкулоска.

Веќе традиционално, нагласи, како Влада правиме план за чистење на речните корита и на каналите во функција на превентивно делување, во пресрет на евентаулни временски непогоди.

- Иако ваквиот план на Владата во голема мера помага и ги намалува штетите, сепак не секогаш докрај може да се превенираат последиците од невремето. И годинава повторно ќе пристапиме кон анализа на критичните точки кои ќе бидат приоритетни за чистење и други локации и потези каде што е потребна интервенција со цел, колку што е можно повеќе да превенираме идни поплави и непријатности за населението кое е најпогодено во вакви случаи, потенцира Јанкулоска.

Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеле штета од претходните поплави, Јанкулоска рече дека станува збора за постапка со континуитет.

- Обештетувањето зависи од повеќе фактори, од проценки на општинските комисии ,утврдување на штетата и утврдување на можностите. Ние како Влада во многу наврати сме покажале дека секогаш сме тука кога им е потребно на граѓаните да им се излезе во пресрет и во овие денови на подрачјата каде што граѓаните се најпогодени сите можеме да зебележиме континуирано присуство и на преставници од институциите и високи владини функлционери, пратеници, со цел да им се излезе во пресрет и да се помогне колку што е можно, рече Јанкулоска.

Додаде дека иако во некои делови водата не е толку надојдена и не е толку голема, сепак постои големо оштетување на патиштата и истака дека од Министертво се погрижиле да обезбедат сообраќаен режим за да не се случи одредени населени места, без разлика на бројот на населението да бидат остечени од поглемите центри.

- Секаде каде што ќе добеиеме информација помагаме на граѓаните. Ако е потребно некаде да се пренесе да им се асистира, тука сме и стоиме на располгање, истакна  Јанкулоска.

Одговорајќи на новинасрко прашање дали ќе се одобри барањето на општинскиот кризен штаб за 12.000 литри нафта, министерката рече дека сите барања се разгелдуваат и посочи дека се презема се што е во интерес на граѓаните.

Пратеникот Зоран Ѓорѓиевски посочи дека постојано се остваруваат непосредни контакти со населението кое претрпе штета за да се добијат непосредни сознанија за неопходната помош.

- И сега ќе ги согледаме состојбите и ќе направиме напор на луѓето да им се олесни оваа тешка ситуација која и покрај сите напори на сите структури на Владата и на општината сепак направи штети. Се надевам дека ќе им бидеме од полза на граѓаните, рече Ѓорѓиоски.

Во Шупли Камен, информираше пратеникот, оштетени се дваесетина куќи, додека на потегот Јачинце, Клечовце и Довезнце околу 50-тина куќи. Штетите на земјоделското земјиште,посочи, ќе се утврдуваат по повлекувањето на водите.

Раководителот на подрачното одделние од ДЗС, Драган Димковиќ потенцираше дека се исчитени критчните точки по реките во Кумановско и дека на барање на општинскиот кризен штаб доделени се 3.000 вреќи со песок кои со заеднички ангажман на локалната самоуправа, ТППЕ и доброволци се поставени покрај течението на Липковка кај кумановски Средорек.

Миле Милошевски, жител на Шупли Камен раскажа дека најкритично било пред четири-пет дена кога водата навлегла и во куќата и придружните простории, но дека со помош на соседите успеле да ги спасат животните.

- Поставивме и земја и песок, но водата навлезе и во куќата, рече Милошевски.