Отворена канцеларијата „Купи куќа, купи стан“

Во Министерството за финансии од денеска е отворена канцеларијата „Купи куќа, купи стан“ во која граѓаните од 10 до 15 часот секој работен ден ќе добиваат повеќе информации како да го решат станбеното прашање.

Сите заинтересирани ќе можат да се информираат како да добијат субвенција од Владата за станбен кредит, која може да достигне до 14 илјади евра неповратни средства, каде има станови до 900 евра за метар квадратен, каде има плацеви за изградба на куќа и.т.н.

Министерството за финансии информира дека посетеноста е голема и нагласува дека целта на канцеларијата е максимално да се поедностави постапката и граѓаните најбрзо да дојдат до сопствен дом.

Проектот „Купи куќа, купи стан“ е наменет за граѓаните кои го немаат решено станбеното прашање. Владата преку исплата на 50 проценти или 75 проценти од ратата или учеството на станбениот кредит им помага на граѓаните да го решат ова животно прашање.