Премиерот Груевски ги посети археолошките ископувања на Плаошник, каде што ќе се возобнови Светиклиментовниот УниверзитетПремиерот Никола Груевски денеска во Охрид го посети манастирскиот комплекс Свети Климент и Свети Пантелејмон и археолошките ископувања на Плаошник, каде што ќе се возобнови Светиклиментовниот Универзитет.
Тој ја посети и месноста Градиште, каде што исто така се вршат археолошки ископувања. - Во мај или јуни тука ќе започне изградбата на музејот на вода кој ќе се наоѓа на местото на некогашната наколна населба. Музејот ќе биде и обележје на Република Македонија, а ќе зборува и за историските факти на нашата земја, истакна Груевски. Одговарајќи на новинарско прашање премиерот Груевски рече дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со другите партии е веќе договорена и ќе биде објавена наредната седмица. Оптимисти сме, посочи Груевски, дека ќе ја добиеме довербата на граѓаните, не бараме ништо бланко, ниту подарок, туку врз база на она што е сработено во изминатите година ипол дена, а сработено е и повеќе од предводената програма. - Можеме уште повеќе со конретна програма за наредните четири години, но важно е довербата да биде поизразена со повеќе пратеници односно повеќе од 61, да можеме непречено да го спроведеме она што ќе го ветиме. Досега со помал број пратеници имавме сериозни проблеми во спроведувањето на нашите проекти и нашата политика и затоа ни е потребна поголема поддршка, рече премиерот Груевски, истакнувајќи дека вообичаено изборната кампања ВМРО-ДПМНЕ ќе ја започне од Охрид.
|

















