Ковачевски-Орлиќ: Клучна е улогата и одговорноста на пратениците за евроинтегративните процеси на двете земји

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на официјалната посета на Србија, денеска оствари средба со претседателот на српското Собрание Владимир Орлиќ.

Ковачевски на средбата изрази задоволство од редовните контакти и одличната соработка меѓу двата законодавни дома на Србија и Северна Македонија, потенцирајќи ја важноста на формирањето на двете собраниски групи за пријателство и соработка. 

Исто така беше поздравена редовната комуникација и соработка, која ќе придонесете во нагласување на важноста на улогата и одговорноста на пратениците за секоја фаза од евроинтегративните процеси на нашите две земји.

На средбата двајцата соговорници ја потенциира важноста од решавање на отворените прашања со соседите, како и темелните реформи за доброто на граѓаните.

Конструктивни политики, почитување и унапредување на односите со соседите, се важни за европскиот напредок и просперитет на Западен Балкан.