Седници на Влада

Дневни редови, соопштенија и одлуки од седниците на Владата на Република Македонија.

Владина седница: Ќе се преиспитува проектот за Клиничкиот центар, користењето пари од ИПА, ќе се зајакнува соработката меѓу домашните и странските компании

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука со којашто укажува на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор да издвои средства во висина од 7 милиони денари од приходи од тековното работење на ова акционерско друштво, за итна набавка на клима уреди за потребите на Телеком Арената во Скопје, на којашто треба да се одигра натреварот во рамки на УЕФА Супер купот . . .

Владата донесе одлуки со кои помага на земјоделци, спречува злоупотреби на буџетски пари и ќе го заштити меѓународниот углед на Македонија

Владата на Република Македонија ја одржа 8-та седница, на којашто се донесени одлуки во интерес на оштетени земјоделци, за заштита на пари на граѓаните од злоупотреби поради индиции за незаконски одлучувања во време на претходната Влада, како и за обезбедување услови да се реализира УЕФА Супер купот летово во Скопје, за што се наследени сериозни пропусти.

Владата именуваше нови директори, докажани експерти и професионалци, во Бирото за јавна безбедност и во Управата за безбедност и контраразузнавање

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе повеќе важни одлуки за потребите на граѓаните и направи потребни кадровски промени во интерес на стабилноста и безбедноста на граѓаните и на државата.

Петта седница на Владата на Република Македонија

Почитувани, Ве известуваме дека денеска, (петок, 16 јуни 2017 година) со почеток во 17:00 часот, Владата на Република Македонија ќе ја одржи својата петта седница.

Владата почнува подготовка на Патоказ за клучните реформски приоритети за евро-атлантските перспективи

Владата на Република Македонија на денешната седница утврди насоки за реализација на итните реформски приоритети важни за евро-атлантските интеграции на Македонија.

Владата донесе одлука да отпочне постапката за санација на штетите од поплавите во тетовскиот регион, увидот на терен е веќе направен

Владата на Република Македонија вечерва ја одржа третата седница, на којашто се донесени одлуки за санација на штетите од поплавите во тетовскиот регион, од невремето на 5 јуни.

Владата одлучи да иницира постапка за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски

Владата на Република Македонија, на денешната седница одлучи да иницира постапка за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.

Владата ја одржа првата седница: Формирани се работните тела, министрите се обврзаа на ефикасна работа посветена на граѓанските и државните интереси

Владата на Република Македонија ја денеска ја одржа првата седница.

Pages