Генералниот секретар Димовски имаше обраќање на јубилеен настан по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Кина

По повод 30-годишнината од дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина, генералниот секретар на Владата, м-р Методија Димовски имаше чест да присусвува на свечениот настан кој се одржа во хотел Александар Палас.

Генералниот секретар Димовски го пофали постигнатиот напредок во областа на економските и трговските односи и упати честитки до Северна Македонија и Кина за овој јубилеј, посакувајќи следните поглавја од дипломатските односи да бидат исполнети со постојана соработка во повеќе сфери, меѓусебно почитување, уважување и пријателство, со порака за и во иднина да пронаоѓаме нови канали за културна соработка, зближувајќи и збогатувајќи ги животите на нашите граѓани.