Владата бара стратешки партнер за „Еврокомпозит“

Владата бара стратешки партнер за решавање на проблемот и со „Еврокомпозит“, како со Тутунскиот комбинат „Прилеп“. Премиерот Никола Груевски, денеска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп, рече дека Владата со внимание е фокусирана кон решавањето на ситуацијата во „Еврокомпозит“ и оти верува дека ќе успеат во наоѓање решение на овој проблем.

- Во потрага сме по стратешки партнер. За овој проблем често разговараме на седници во Владата барајќи начини како да се помогне. Пред неколку денови имав состанок со министерот за инвестиции Џери Наумоф кој ме информираше дека пронашол одредени компании што имаат интерес да склучат договор за производство со „Еврокомпозит“. Во овие разговори вклучен е и заменик-министерот Христијан Делев, барајќи да најдеме стратешки партнер слично како со Тутунскиот комбинат. Будно ја следиме ситуацијата со „Еурокомпозит“ и верувам дека ќе успееме. Можам да ветам дека се ќе дадеме во тој правец, изјави премиерот Никола Груевски.