Груевски: Покажавме како се штитат државните интереси

Покажавме како се штитат државните интереси во значајни моменти, изјави денеска премиерот Никола Груевски одговорајќи на новинарско прашање во врска со потпишаниот извештај на комисијата за настаните од 24 декември.

Груевски напомена дека Владата останува фокусирана на реформите и на проектите кои придонесуваат за подобар живот на граѓаните.

Македонскиот премиер денеска присуствуваше на промоцијата на физичко-хемиска лабораторија во Националниот конзерваторски центар во Скопје.