Средба на министерот Димовски со министерот за шумарство и водостопанство на Република Турција, Вејсел Ероглу

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес оствари билатерална средба со министерот за шумарство и водостопанство на Република Турција, Вејсел Ероглу.

На состанокот двајцата министри разговараа за досегашната соработка и за можностите за продлабочување на соработката.

Министерот Ероглу му посака срдечно добредојде на министерот Димовски истакнувајќи ги традиционално добрите односи помеѓу двете земји. Нивното министерство за шумарство  и водостопанство и Владата на Република Турција се отворени за соработка со Република Македонија. Тој истакна дека Турција во изминатите 10 години има постигнато огромен напредок во делот на водоснабдувањето и системите за наводнување. Имаат обезбедено чиста вода за пиење за 42 милиони луѓе за наредните 40 години за што се спремни да го споделат искуството со македонските слуќби. Министерот Ероглу го информираше министерот Димовски дека кон крајот на септември во Мардин, се одржува форум за наводнување и одводнување на кој го покани тој заедно со претставници од министерството да учествуваат на форумот.

Министерот Димовски се заблагодари на топлиот прием од домаќините и го извести неговиот колега дека од последната нивна средба кај премиерот  na Владата на Репиблика Македонија, Никола Груевски, веќе се реализираа некои активности. Во април годинава, остварена е посета на претставници од Државната управа за шуми од турското Министерство за шумарство и водостопанство со цел согледување на можностите за соработка меѓу двете земји во областа на шумарството. Во оваа насока, од страна на секторот шумарство покажан  е интерес за заедничка соработка, активност која дополнително би се дефинирала за регионален или локален проект со техничка помош од турската страна.

Во летниот период поради високите температури работиме на превентивно спречување на на шумски пожари  кои доколку се случат ги ангажираме сите расположливи ресурси истакна министерот Димовски. Пред две години од Претседателството на турската агенција за соработка и координација (ТИКА) добивме донација од две противпожарни возила за брза интервенција на што министерот Ероглу рече дека тие се спремни да ни донираат уште возилa согласно нашите потреби.

Со оглед на тоа што во Република Македонија во тек се реформите во однос на структурата на водостопанските претпријатија односно водните заедници, министерот Димовски побара техничка помош во дефинирањето на најсоодветен модел на реорганизација на истите, кој е успешно воспоставен и функционира во Република Турција. Тој го извести министерот Ероглу дека Владата ни довери две цели: прво да се ревитализираат веќе постоечките системи за наводнување на земјиштето и второ да се изградат нови системи. Веке изградивме два  во источна и централна Македонија кои треба да наводнуваат 9000 ха. За оваа година планирано е да се започне со изградба на уште две брани кои ќе наводнуваат околу 6000 ха. Тој побара поддршка од Република Турција за подобрување на системите за наводнување, како и во пренесување на турското искуство во планирање, проектирање и изградба на мали акумулации.

Министерот Ероглу истакна дека ќе направат се што е во нивна можност да ни дадат поддршка во нашите напори за градење на ефикасен систем. По неговата последна посета на Република Македонија директно се информирал и ги согледал нашите потреби. Тој му понуди на министерот Димовски да се формираат работни групи со претставници од двете министерства кои ќe направат акционен план за реализација на активностите. Се договорија да се направат три работни групи во кои ќе членуваат експерти од областа на пожарите, пошумувањето и водостопанство и веднаш да се почне со работа.

Министерот Ероглу истакна дека во последните 5 години во Турција се засадени 2 милијарди дрвја што ја прави Турција трета земја после Идија и Кина која постигнала голем успех во зазаеленувањето на земјата, на што министерот Димовски рече дека и кај нас активно се работи на пошумувањето и зазеленувањето на околината преку две акции на пошумување на пролет и на есен.

На крајот на средбата двајцата министри се согласија дека ова беше успешна работна средба на која се договорија неколку битни области на соработка.