Средба Груевски - Аспиков

Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, денеска (среда, 26 јуни 2013 година) оствари средба со губернаторот на Калининградската област, г-дин Николај Аспиков.

На средбата позитивно беа оценети односите кои постојат меѓу двете страни и беше разговарано за повеќе прашања од заеднички интерес. Беше истакната заложбата на двете страни за продлабочување на економската соработка и трговската размена.

Посебен акцент беше ставен на можностите за инвестиции и трговија при што премиерот Груевски ги претстави поволностите кои нашата земја ги нуди на странските инвеститори. Двајцата соговорници договорија во следниот период тимови на двете страни да работат на создавање на правна рамка за динамизирање на економските односи преку потпишување на поголем број на договори кои ќе создадат услови за раст на односите меѓу компаниите. Соговорниците разговараа за соработката и во областа на градежништвото, туризмот и производната индустрија.