Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски ќе оствари посета на Калининградската област во Руската Федерација

Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, а во чиј состав се и заменик претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, г-дин Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, г-дин Виктор Мизо и портпаролот на Владата на Република Македонија, г-дин Александар Ѓорѓиев денеска (среда, 26.06.2013 година) ќе оствари посета на Калининградската област во Руската Федерација.

Владината делегација предводена од премиерот Груевски ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форум во Калининград на кој ќе се презентираат можностите и поволностите кои Република Македонија ги нуди за странските инвеститори. Во рамки на посетата, претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски ќе оствари и политички средби со претставници на Калининградската Губернија.