Исплатени 2,3 милиони денари отштета за невремето

Владата денеска продолжи со исплата на надомест за штетите од временските непогоди кои се случија годинава. Исплатени се 2,3 милиони денари на 105 лица од Радовиш, Охрид и Кратово.

Министерството за финансии соопшти дека денеска, исто така, се исплатени 1,9 милиони денари субвенции на сточари за обележани грла говеда.

- Владата на РМ и понатаму ќе продолжи со обесштетување на граѓаните кои претрпеа штети од невремето годинава, како што е ветено, се вели во соопштението од Министерството за финансии.