Премиерот Никола Груевски се сретна со Македонците во Њујорк

Премиерот Никола Груевски придружуван од владин тим е во неколкудневна посета на САД.

Денес тој оствари средба со Македонците кои живеат и работат во Њујорк и со нив разговараше за повеќе теми.

Средба со македонските иселеници оствари и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Претходно, премиерот Никола Груевски разговараше и со Македонците кои живеат во Охајо.