Нов зеднички Контакт центар за гранична соработка меѓу полицииите на Македонија и Косово на ГП „Долно Блаце“

Отворањето на заедничкикот Контакт центар е уште една потврда на одличните добрососедски односи меѓу Македонија и Косово. По неколкумесечното пробно работење денеска само може да констатираме дека од технички апсект Контакт центарот одлично функционира, што значи дека полициските службеници од двете страни на границата заеднички во овие простори ќе можат да извршуваат задачи од доменот на своето работење, да разменуваат информации а се во функција на побрзо решавање на одредени спорни ситуации кои по природа можат да се јават на граничните премини.

Ова, меѓу другото го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешното официјално пуштање во употреба на новиот заеднички Контакт центар за гранична соработка меѓу полициските служби на Македонија и Косово на граничниот премин „Долно Блаце“, каде што присуствуваше и косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени и амбасадорот на ОБСЕ во Република Македонија, Ралф Брет.

Според Јанкулоска, досегашната практика покажа дека овој центар дури и во пробниот период фунционираше одлично, односно благодарение на размените на информации откриени се неколку кривични делка, разрешени се и неколку спорни ситуации. Јанкулоска констатираше дека ваквите иницијативи на взаемна соработка придонесуваат за јакнење на добрососедските односи но дополнително и за подобра полициска соработка.

- Овој граничен премин е еден од пофреквентните, во текот на годината го поминуваат над два милиони патници, и отткука секое олеснување на процедурите секоја дополнителна активност која на полициските службеници ќе им го скрати времето на постапување е од корист и за нас како служби надлежни за спроведување на законот, за полициските службеници кои ги извршуваат своите задачи и се разбира најмногу за граѓаните кои преминуваат на овој премин, изјави Јанкулоска.

Таа упати благодарност до мисијата на ОБСЕ во Македонија за помош таво опремување на овој заеднички Контакт центар и придонесе за негова целосна функционалност.

Косовскиот министер Хисени го поздрави отворањето на заедничкиот Контакт центар потенцирајќи дека соработката на двете полици е во нагорна линија и оти е заеднички интересот за нејзино интензивирање во наредниот период.

За шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет денешниот настан претставува конкретен материјален успех во борбата против транснационалните закани меѓу двете земји, како и успешен пример за соработка и взаемна доверба.

- Мисијата на ОБСЕ во Скопје целосно се посветува на давање поддршка на идните активности во центарот и на промовирање на најдобрите практики во регионот за соодветно справување со прашањето со транснационалните закани, истакна амбасадорот Брет.