Повисока парична помош за социјалците, најави министерот Ристовски

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска информира дека се очекува следната година Владата да ја реализира најавата за зголемување на износот на социјалната парична помош, согласно утврденото во Програмата за нејзината работа.

- Како Влада во рамки на нашата Програма за работа имаме утврдено  дека во текот на наредната година се очекува да се реализира покачувањето на социјалната парична помош и како еден вид дополнителна поддршка до граѓаните во услови на глобална криза којашто нормално има влијание и во Македонија, рече Ристовски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Министерот Ристовски нагласи дека Владата ја следи  состојбата со порастот на цените на определени продукти и деривати и посочи на минатоделените мерки за поддршка на граѓаните во пресрет на грејната сезона.