Грковска–Силвестри: Италија останува силен поддржувач на реформските процеси за добро владеење

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска оствари средба со амбасадорот на Република Италија Андреа Силвестри.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари за искреното пријателство и големата поддршка што Република Италија ѝ ја дава на Република Северна Македонија во евроинтегративните процеси и искажа решеност за продлабочување на соработката.

Амбасадорот Силвестри потврди дека останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во земјата, со акцент на владеењето на правото, дигитализацијата и професионализацијата на институциите.

Вицепремиерката Грковска уште еднаш ја потврди  својата посветеност на досега зацртаните стратешки цели за добро владеење во државата, со фокус на владеењето на правото и јакнењето на независни транспарентни и функционални институции кои ќе испорачуваат резултати на граѓаните.

На состанокот заеднички беше оценето дека Република Италија може да даде значителен придонес во имплементирањето на политиките за добро владеење со споделување на своите искуства во таргетираните области и поддршка на клучните реформски процеси во правец на просперитет на земјата.