Наим Бајрами

Функција: 
Министер за информатичко општество и администрација
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Наим Бајрами е дипломиран политиколог (2010) и има завршено постдипломски студии по меѓународна политика и дипломатија на Правниот Факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје (2021). Исто така, ги посетува постдипломските студии во областа на Деловно право и Трудово право на Правниот Факултет ,,Јустинијан Први”- Скопје.
 
Работно искуство: Од 2015 до 2022 работи во приватна компанија Про-Фруитс ДОО-Скопје како советник за маркетинг, во 2022 краток период поминува во градската администрација на Град Скопје, а истата година се вработува во ЈП Комунална Хигиена - Скопје, каде работи до Септември 2023 година, како Помошник Раководител на Секторот за финансиско работење.
 
Во 2017 година на локалните избори, Наим Бајрами беше кандидат за Градоначалник на Град Скопје.

Од септември 2023 година работи во приватната компанија Про-Фруитс ДОО-Скопје, а професионално е ангажиран и како советник во Министерството за Правда. 
 
Познавач е на доста области од аспект на организационото и тимското работење, човечки ресурси, правна рамка и регулатива.

Говори Албански јазик (мајчин), Македонски и Англиски.