130-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
16.04.2019 - 10:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (532.19 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РСМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Извештај за степенот на реализација на капиталните инвестиции
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
Пред точка Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за период 1.01. - 30.06.2019 година, утврдена согласно Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2019 година
Пред точка Анализа на правниот основ за одлучување на Владата на Република Северна Македонија и Препораки за функционална децентрализација и деконцентрирање на надлежностите по институции за Влада на Република Северна Македонија, подготвена од Меѓународниот републикански институт (ИРИ)
1 Предлог-одлука за изменување на Одлуката за основање на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници - Скопје
2 Предлог-одлука за изменување и дополнување на Статутот на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ - Скопје, во државна сопственост
3 Извештај за спроведување на Годишниот план за работа на Агенцијата за храна и ветеринарство за 2018 година, со Предлог-одлука
4 Информација со Предлог-одлука за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање,преработка, рециклирање и уништување на отпад (Биро за јавни набавки)
5 Годишен извештај за реализација на Програмата за основни геолошки истражувања за 2018 година
6 Информација за подготвеноста на општините за учество во реализација на Проектот за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија
7 Годишен извештај за работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за 2018 година
8 Годишен извештај на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам за 2018 година (Национален комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам)
9 Информација за потреба од добивање на согласност за расходуваните основни средства на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, со Предлог-одлука (ЈЗУ УК за Гинекологија и акушерство - Скопје)
10 Предлог-уредба за изменување на уредбата за принципите по кои се води истражувањето на несреќи, сериозни инциденти, инциденти и настани на цивилни и државни воздухоплови како и начинот на нивно пријавување
11 Информација во врска со отпочнување активности за спроведување на Националната Стратегија за мали и средни претпријатија 2018-2023 со Акциски план
12 Информација во врска со поднесено барање за категоризација на угостителски објект за сместување од Мотел Македонија, Велес со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект
13 Информација во врска со поднесено барање за категоризација на угостителски објект за сместување од Хотел Панорама Спа Крушево со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект
14 Информација во врска со поднесено барање за категоризација на угостителски објект за сместување од Хотел Скај Корнер - Охрид со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект
15 Информација во врска со поднесено барање за категоризација на угостителски објекти за сместување од Хотел Бела Куќа - Битола, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект
16 Информација за финансиска поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија во 2018 година и планирани средства во 2019 година
17 Информација за достигнатото ниво на реализација на подготовките за Република Северна Македонија да биде земја домаќин на Мултинационалните мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ) во период 2020-2026
18 Информација за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2018/1544 на Советот од 15 октомври 2018 година за рестриктивни мерки против ширењето и употребата на хемиско оружје, со Предлог-одлука
19 Информација за меѓусебна размена на информации помеѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното претпријатие за државни патишта за сообраќајна незгода, со исклучок на податоци кои се забранети, согласно Законот за заштита на личните податоци (лични податоци на учесниците во сообраќајната незгода)
20 Информација за прогрес на реализација на акцискиот план за пристапни рампи за лицата со инвалидност
21 Информација за подготовка на национална стратегија за електронско здравство со Предлог-одлука
22 Предлог-одлука за отворање на Почесен конзулат на Република Летонија, во Република Северна Македонија со седиште во Скопје
23 Предлог-oдлука за определување на бројот на кандидатите кои се запишуваат на прв циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје, во студиската учебна 2019/2020 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија
24 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во вежбовната активност „ANATOLIAN EAGLE 2019”, во Република Турција
25 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во вежбовната активност „STRIKE BACK”, во Република Бугарија
26 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во вежбовната активност „ERCIYES 2019”, во Република Турција
27 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во вежбовната активност „LOGDEV 2019”, во Грузија
28 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во вежбовната активност „STEAD FAST FLOW 19”, во Република Турција
29 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во вежбовната активност „CWIX 2019”, во Република Полска
30 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во вежбовната активност „TROJAN FOOT PRINT”, во Република Унгарија
31 Барање на Рахми Каја за прием во државјанство на Република Северна Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија
32 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Казнено поправната установа - Затвор Охрид
33 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ - Охрид
34 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на општина Охрид
35 Предлог-одлука за утврдување на работите од премерот во функција за запишување на недвижност на Република Северна Македонија
36 Барање за давање на автентично толкување на член 37 од Законот за данокот на додадена вредност, поднесено од пратеникот Хари Локвенец
37 Известување од Извршител Снежана Андреевска од Скопје под И.бр.790/1 за Заклучок за усна јавна продажба (за недвижност запишана во ИЛ бр.178 за КО Нерези), која ќе се одржи на 29 март 2019 година и Втора усна јавна продажба што ќе се одржи на 24 април 2019 година
38 Повик за свикување на Собрание на Македонски Телеком АД - Скопје, закажано за 9 мај 2019 година, во 13.00 часот (Македонски Телеком АД - Скопје)
39 Кадровски прашања /130/
40 Прашања и предлози /130/
41 Извештај за финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта за периодот октомври - декември 2018 година
42 Информација за прогресот во однос на обезбедување на посебен софтвер (програма) за внесување и процесирање на податоци за сообраќајни незгоди „Електронски записник од увид во сообраќајна незгода“
43 Информација за ажурирање на прашалникот за сообраќајна незгода со прифаќање на стандардите на Европска Унија со воведување на CADAS протоколот
44 Информација за прогресот и реализацијата на проектот „Креирање на стандарди на професионални компетенции“
45 Информација за реализираниот проект за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за зима 2019 година
46 Информација за Проектна соработка помеѓу УНДП и Секретаријатот за европски прашања - Проект Европскиот пат на Република Северна Македонија - Постигнување на побрз, поинклузивен и одржлив раст
47 Предлог-одлука за престанок и давање на трајно користење на движна ствар на Министерство за труд и социјална политика
48 Информација за состојбата со мали сипаници во Република Северна Македонија