Министерот за здравство Тодоров во посета на Општа болница и Здравствен дом Кочани

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ги посети Општата болница и Здравствениот дом во Кочани каде што се сретна со менаџерскиот тим и направи обиколока на одделението и амбулантите.

Посетата привлече внимание поради промената на раководниот кадар во Општа болница кои пред 15 дена ги направи министерот како последица на пројавените слабости во работењето, како и поради санкциите во Здравствениот дом.

Тодоров имаше можност да ги слушне приоритетите во двете здравствени установи, проблемите со недостиг на специјалисти во повеќе одделенија и потребата за обезбедување на средства за набавка на опрема, реновирање на одделни објекти и осовременување на возниот парк.

- Очекувам многу работи да се подобрат бидејќи денеска отворивме прашања за кои ќе најдеме решение до крајот на наредниот месец. Проблемите и нашите ставови ќе ги приближиме во функција на Општа болница, изјави Тодоров.

Министерот Тодоров кој престојува во обиколка и на Клиничкиот центар во Штип информира дека дел од проблемите посебно во Одделението за ортопедија ќе бидат решени бидејќи од денеска е ангажиран еден ортопед специјалист.

При обиколката на одделенијата на Општа болница во Кочани министерот Тодоров укажуваше на начинот на кој треба да функционираат и предлагаше како одредени аномалии да се надминат или отстранат.

Министерот Тодоров најави и помош во набавка на опрема за одделението и други потреби кои мора брзо да се реализираат, додека за кадарот кој е неопходен за работењето на Општа болница, рече, ќе се превземаат неопходните мерки.