Министерот Сарачини на работна средба со претставници од Сојузот на стопански комори

Ако се почитуваат законите можно е олабавување, но не и укинување на казнената политика за малите и за средните претпријатија (МСП), изјави министерот за економија Ваљон Сарачини по денешниот работен појадок со претставниците на деловната заедница.

Сарачини ја образложи програмата на ресорното Министерство за 2012 година. Информираше кои се приоритетите во индустријата, енергетиката, туризмот, минералните суровини, како и конкретните мерки за развој на претприемништвото, иновациите и МСП.

Според бизнисмените, предвидените 160.000 евра буџетска поддршка за развој на МСП во 2012 година не се доволни. Премногу се високи и казните, а треба да се смени и начинот на нивно спроведување.

- Во разговорот со министерот потенциравме како треба да се спроведува казнената политика, прво да биде информативна, потоа едукациска, па на крај санкциска. Голем дел од казните се неиздржливи за малите и средните претрпијатија. Бараме ако е можно да се укинат, посебно оние од типот затворање фирми за мали прекршоци, рече претседателот на Сојузот на стопанските комори (ССК) Златко Калеников.

Министерот Сарачини напомена дека казните се воведени за да се почитуваат законите.

- Казните се тие. Се надевам дека во иднина, доколку се почитуваат законите, ќе се намалат и ќе бидат поприфатливи за стопанствениците што воедно ќе значи и дека ќе имаме се помалку поплаки во тој дел, истакна Сарачини, додавајќи дека по предлог на бизнис заедницата може да се размислува и за нивно евентуално укинување.

Начинот на експлоатација на минералните суровини и дивите копачи се уште се еден од клучните проблеми на бизнис заедницата. За негово разрешување ССК и Министерството формираа работна група.

- Моментно се подготвува измена и дополнување на Законот за минерални суровини кои предвидуваат упростување на процедурата за добивање концесија. Имаше реакции од деловната заедница дека Владата треба да работи повеќе во делот на дивите копачи, односно дивата експлоатација поради што направивме посебни работни групи, и за претрпиемништвото и за минералните суровини. Еднаш месечно нивни и наши претставници ќе разговаарат за конкретни проблеми и теми, нагласи Сарачини.

Тој смета дека преку соработка со бизнис секторот може да се постигнат солидни резултати и во однос на развојот на малите и средните претпријатија. Освен планираните средства за поддршка, потенцира Сарачини, Владата има и конкретни мерки за развој на МСП.