Ивановски ја оценува администрацијата преку директна комуникација со граѓаните

Дел од граѓаните се задоволни од работата на администрацијата во Централниот регистер, а некои се делумно. Генерално во целата администрација бараат да се намали чекањето пред шалтерите, најчеста појава во вторник и во петок, како и поголема ефикасност преку поврзување на институциите со цел побргу да ги добијат бараните документи. 

Такви  оценки лично од граѓаните слушна изутрината министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски кој пред шалтерите на Централниот регистер  во Скопје ги прашуваше колку се задоволни од работата на администрацијата и со какви проблеми се соочуваат.

- Дел од граѓаните се задоволни, а дел се делумно задоволни. За  мене тоа лично е потребно со цел да слушнеме и конкретни предплози од граѓаните  како да се подобри функционирањето на администрацијата, кои се слабостите, изјави министерот Ивановски.

Поголем дел од граѓаните, како што рече, најчесто се жалат  на гужвата која се создава пред канцелариите, за што веќе се преземале мерки за подбрување на состојбата.

- Перцепцијата  која доаѓа од повеќе институции, посебно во вторник и петок каде има поголем обем на работа, повеќе граѓани  ги посетуваат и она што  го гледаат на самиот влез е гужва. Затоа се преземаат и конкретни мерки со цел да се подобри  таа слика, таму каде што може да се отворат повеќе шалтери, а таму каде не може да се распредели работната задача на повеќе работници на истите шалтери, појасни Ивановски.

Ресорното Министерство, најави,  по анализата што ја подготвува  ќе настапи со конкретни предлози за секоја институција како да функцонира поефикансо во тој дел.

Преку анкетирањето на граѓаните  министерот воедно правеше и проценка колку шалтерските службеници се придржуваат до етичкиот кодекст за однесување на државни и јавни службеници, дел од нивната обука што им ја спроведоа неодамна МИОА и Европската унија. - За мене е многу битно  да видиме дали тие нови техники на  работење се применуваат, истакна Ивановски.

Денешната акција  најави дека ќе ја продолжи во повеќе градови низ државата преку најавени и ненајавени посети на  дел од канцелариите на институциите.

Со последните измени на Законот за државни и јавни службеници се предвидува оценка на  работата на администрацијата двапати годишно. Првпат таква евалуација се спроведе во јуни годинава, а  втората е предвидена за крајот на годинава. Доколку кој било  од администрацијата двапати добие негативна оценка по автоматизам ќе го изгуби работното место. Тие што ќе бидат оценети позитивно ќе бидат наградени со дополнителни бонуси. Тоа, посочи Ивановски, не значи дека поединечно секоја институција не презема секојдневно мерки за подоборување на работата.