Бизнис форум во Вашингтон: Македонија – најконкурентна европска бизнис дестинација

Министерот за странски инвестиции Бил Павлески вчера во Вашингтон учествуваше на бизнис форумот „Македонија – најконкурентна европска бизнис дестинација“,кој го организираше македонската Амбасада во САД.

Министерот Павлески во своето обраќање пред присутните претствници на американски компании ги претстави можностите за инвестирање во Македонија, како и предностите на нашата земја. Тој при тоа потсети на последниот извештај на Светската банка „Водење бизнис 2012“, на најновиот Индекс на економска слобода, како и на други економски показатели кои Македонија ја прават да биде една од најконкурентните бизнис дестинации во Европа. Павлески ги истакна клучните економски индикатори според кои Македонија има економска и финансиска стабилност со висок потенцијал, нема трговски бариери, и има лесен пристап до сите западноевропски земји и до сите пазари.

Министерот исто така нагласи дека во Македонија има високообразована млада работна сила со висок степен на лојалност, а во ондос на инфлацијата потсети дека е стабилна.

Павлески присутните ги запозна и со технолошките индустриски развојни зони преку кои производителите, меѓу другото, можат лесно да се прошират и на други пазари.

Како едни од најатрактнивните сектори за инвестирање министерот за странски инвестиции ги претстави информаичко комуникацискиот сектор, туризмот и енергетскиот сектор.

- Приоритет на Република Македонија во однос на странските инвестиции до сега било главно да привлече што поголеми компании кои би инвестирале во идустриските зони за да се отворат погони за производство воглавно поврзани со автомобилската индустрија, електронската индустрија и машинско-технолошката индустрија. Но Вашингтон е претежно политички и консултанстки регион, нема некоја тешка индустрија и затоа на овој форум понудивме и некои други индустрии во сферата на информатичката технологија, во сферата на финансиската индустрија за развивање „аутсорсинг“ што значи дека некои проекти можат да се донесат во Република Македонија како центар на прилично конкурентна и високообразована работна сила, изјави Павлески по форумот.

Тој додаде дека Македонија има голем потенцијал и за развивање на туризмот, но и за енергетски проекти кои македонската Влада планира да ги сработи во следните години. Нагласувајќи дека Македонија има добра стратешка соработка со американски компании со Владата на САД, Павлески изрази надеж дека добриот имиџ на Џонсон Контролс повеќе ќе се прошири што ќе придонесе за привлекување и на други американски компании кои би инвестирале во нашата земја.

- Во Македонија е можен втор бран инвестиции, односно компании што инвестирале во региони кои нуделе поволни услови пред 10-15 години како што се Полска, Чешка и некои од југоисточните европски земји, тие бенефиции веќе ги немаат затоа што се дел од ЕУ и нивниот животен стандард е доста кренат и така некои од овие комании веќе бараат поатрактивни места за правење бизнис. Македонија е едно од најатрактвните места во регионот што може да им понуди добри услови. Моментално правиме анализа кои би можеле да бидат тие компании и се насочуваме кон нив за да ги привлечеме кај нас, рече Павлески.

На форумот во Вашингтон говореше и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида кој ги претстави таргет секторите за странски ивестиции: машински и автомобилски компоненти, информатичко комуникацискиот сектор, здравствениот сектор во кој спаѓа и производството на медицински апарати и фармацијата, земјоделството и индустријата за преработка на храна, текстилниот сектор и културниот туризам.

Фида по форумот информира и за средбите што македонската делегација ги има во Вашингтон со потенцијални американски инвеститори. Еден од нив е и европска компанија со седиште во САД која решава проблеми со отпад и во тој процес произведува продукти како алтернативно гориво со што се решаваат два проблеми: отпадот се расчистува и од пластиката се произведува гориво. На форумот се обратија и македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски, директорот на центарот за меѓународна трговија и економија во фондацијата „Херитиџ“ Тери Милер, експертот од Светска банка Жељко Богетиќ, како и Марк Стакхарт од ОПИК - американска владина агенција која ги субвенционира проектите во странство на американските компании.

По форумот се одржа традиционалниот концерт по повод Денот на благодарноста со кој годинава се одбележаа и 20 години независност на Македонија. На концертот настапија баритонот Борис Трајанов, пијанистот Бобан Мирковски и Венко Серафимов и Александар Икономов на гитари