Министерот Тодоров во посета на штипската Клиничка болница

Министерот за здравство Никола Тодоров, заедно со американски консултанти и македонски економски и медицински експерти пристигна во Клиничката болница во Штип, каде во наредните пет дена ќе се запознава со проблемите.

Тодоров истакна дека од денеска почнува со четиригодишниот проект на Mинистерството за здравство за непосредно учество во менаџирањето и работењето на здравствените установи.

- Очекувам овој принцип да вроди со плод, иако не очекувам драматични промени за овие 5 дена. Концептот е таков што ќе овозможи поставување добри основи за континуирано подобрување на состојбите во сите јавни здравствени установи, рече Тодоров.

Тој истакна дека американски експерти ќе го обучуваат и штипскиот раководен тим, во подигање на нивото на квалитетот на здравствените услуги на задоволство на пациентите, а специјалистите од скопските Клиники ќе вршат прегледи на пациентите.

Во Клиничката болница во Штип има 58 лекари специјалисти, кои опслужуваат околу 150.000 пациенти од источниот регион.

Според Тодоров стручниот тим ќе направи анализа, како да се реши прашањето со недостаток од стручен кадар.

- Затоа носам со мене медицински тимови, кои на крајот од периодот треба да дадат препораки за тоа дали има недостатоци со кадар, дали овој кадар што го имаме ќе може да се справи со предивиците што ги има и со бројот на пациентите што го опслужува или не, вели Тодоров.

Што се однесува за петицијата поднесена од македонското лекарско друштво огранок-Штип за смена на економскиот менаџер, Тодоров со став дека нетрпеливоста и нарушените меѓучовечки односи треба да се остават настрана, а во болницата треба има професионален однос кон вработените и пациентите.