Средба на премиерот Груевски со генералниот директор на Европската радиодифузна унија Делтенре

С О О П Ш Т Е Н И Е

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со генералниот директор на Европската радиодифузна унија, г-ѓа Ингрид Делтенре.

Главна тема на разговорот беа прашањата поврзани со изнаоѓање на начини и постојани извори за финансирање на МРТ, како поддршка на нејзината цврста определба за понатамошно функционирање како самостоен, независен и модерен Јавен радиодифузен сервис во Република Македонија.

Во таа насока беше истакнато дека преку зајакнување на финансиската независност на МРТ ќе се придонесе кон зголемување на квалитетот на програмата и гледаноста, како што е тоа пример во функционирањето на јавните радиодифузни сервиси во земјите од ЕУ.

Двајцата соговорници заклучија дека е потребно да се направат соодветни интервенции во законската регулатива со што ќе се овозможи обезбедување економска одржливост од сопствени приходи и намалување на потребата од финансиски дотации од централниот буџет.