Министерот Тодоров во посета на Здравствениот дом Виница

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска престојуваше во работна посета на Здравствениот дом во Виница и најави скоро вработување на еден лекар од општа пракса и две медицински сестри.

Директорот на домот Мартин Павлов, го информираше Тодоров за работењето и постигањата во изминатите две години.  Министерот ги посети Одделението за итна медицинска помош, лабораторијата, а разговараше и со дел од вработените.

- Денешната посета е во рамките на редовната активност на Министерството. Задоволен сум од работата на менаџерскиот тим на Здравствен дом Виница, на чело со директорот Мартин Павлов и од постигањата. Се договоривме да биде распишан конкурс за вработување на еден лекар од општа пракса и две медицински сестри, а тоа ќе го направиме деновиве, истакна министерот Тодоров.

Тодоров  информираше дека деновиве ќе бидат именувани директори во Штипските здравствени установи и дека денеска се именувани директори на Клиничката болница во Битола и струмичката болница.

На новинарско прашање дали во 200-те планирани вработувања ќе има место и за нови вработувања во здравствените установи во Источна Македонија, министерот Тодоров со одговор дека според потребите вработувања ќе има во речиси сите здравствени установи во државата. Најави промена на кровната конструкција во Здравствениот дом во Пехчево.