Продолжуваме со вториот ден од билатералниот скрининг за поглавјето 18 –Статистика.

Економската, eколошката и мулти-секторската статистика беа тема на денешните презентации од страна на нашиот преговарачки тим пред Европската Комисија. 

Денес ја презентираме националната законска рамка за ова поглавје во однос на нивото на усогласеност со европското право. Свесни сме дека нè очекуваат предизвици на патот кон целосното усогласување на нашето законодавство со европското и обезбедување соодветно спроведување на законодавството, но остануваме посветени на процесот, како континуитет на нотираниот добар напредок во Извештајот на Европската комисија.

 Паралелно продолжуваме и со унапредување и јакнење на институционалните капацитети.